fbpx
Рурален туризам

Витолиште

Селото Витолиште претставува рурален центар и најголемо село во Прилепскиот дел на Мариово. Тоа е сместено на планината Козјак, од десната страна на реката Црна (предел познат како Старо Мариово). Витолиште има мошне голем атар, којшто зафаќа простор од 63,3 км2, Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 830м.н.в. Селото е оддалечено од градот Прилеп 46 km.

DSC_0576_copy

Витолиште, како и останатите мариовски села, го опфатило процесот на масовно иселување на населението. Од 1291 жител во 1961год., нивниот број се намалил на 170 жители во 2002 година.

До 2004 година селото било општински центар на општина Витолиште, која денес е присоединета кон општина Прилеп. Мариово е историски, културно и природно богат регион кој за само 50-ина години тотално изумира.

Витолиште е опишано во романите на познатиот македонски писател родум од Мариово,Стале Попов

Селска слава: Св. Атанасиј Велики (31 Јануари – зимен).

AND_2663

Потекло и значење на името

Меѓу населението постои легенда за основањето и настанокот на името на селото, која вели дека во некое многу дамнешно минато во овој крај живееле тројца браќа.  Вито кој се населил и го основал Витолиште, Гале кој заминал преку Трибор и го основал Галиште во тиквешко Мариово и Раде кој заминал преку Дрен Планина и го основал Радобил.

Витолиште_(влез)

Стопанство

Според составот на атарот во однос на земјоделството Витолиште има мешовита функција. Местоположбата на селото е доста поволна за сите типови на земјоделство односно, во зарамнетиот дел на запад и југ од селото се одгледуваат житни и поледелски култури, во долината на реката Бутурица се напасува и напојува крупниот добиток – кравите и воловите како и ситниот – овците за кој постојат неколку бачила на падините југоисточно од селото. Кон југ и исток на падината на Козјак и Трибор е застапена густа, разновидна и многу квалитетна шума од која се истакнува особената застапеност со висококвалитетни дрва од црн бор. Во понискиот дел на шумата се напасуваат козите.

Архитектура_во_Витолиште

Од поледелеството застапено е одгледувањето на жита, најмногу пченица и пченка, а градинарството опфаќа одгледување на пиперки, домати (патиџани), кромид, лук, морков, марула најмногу за сопствени потреби. Во рамки на сточарството е застапено одгледувањето на сите видови на добиток: крупен – крави, волови, телиња и свињи како и ситен – овци и кози. Од добиените и помешани видови на млеко во значајни количества се прави познатото и прочуено мариовско биено сирење, чие производство во денешно време бележи мал пад во обемот поради долготрајноста на производниот процес и познавањето на вештините на малубројното население и сточари, но држи постојана, стабилна и висока цена. Биеното сирење најмногу се продава на пазарите во Прилеп, Битола и Скопје. Дел од населението се занимава и со пчеларство и производство на квалитетниот и познат мариовски – ливадски и боров мед, како и со овоштарство односно одгледување на јаболка, круши, сливи, цреши во помали размери.

Витолиште_(влез)

 

 

vitolishte

Витолиште_01

 

Витолиште_04

 

Низ_Витолиште

 

Поглед_на_Витолиште

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close