Николовски: Oткупени се околу 16 милиони килограми

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски при посетата во Кавадарци, на традицоналната манифестација во чест на грозјето и виното „Тиквешки гроздобер“, истакна дека како ресорно Министерство заедно со сите надлежни институции внимателно го следат откупот на грозјето.

 

На лозарите им порача дека грозјето од годинашната реколта ќе биде целосно откупено од винарските визби, а исплатата за откупеното грозје ќе се реализира според законските одредби.

Соопшти дека Државниот инспекторат за земјоделство ги зајакна контролите на откупните пунктови на грозје со цел да нема манипулации со откупните цени.

„Годинава поради лошите временски услови односно поради измрзнувањето на лозјата, се очекуваат намалени количини на произведено и на откупено грозје. Свесни сме за лошата состојба во лозарството и винарството поради климатските промени кои значително влијаат врз родот, но и за битката на винарските визби во освојувањето на пазарите со конкурентни цени и висок квалитет. Како нова Влада, сериозно и посветено како и досега ја следиме состојбата на терен со откупот на грозје и навремено ќе делуваме. Денеска обајвувам дека на првата наредна седница Владата ќе донесе одлука за дополнителни директни плаќања, за произведено и предадено грозје во домашните винарски визби.Висината на субвенцијата ќе биде определена на самата седница на Влада.Со оваа мерка ќе бидат опфатени сите земјоделски стопанства кои што до 15-ти септември пријавуваат површини за лозје и кои произведеното и предадено грозје ќе го дадат во домашните винарски визби“ – вели Николовски.

Тој објасни дека  во првите 100 дена со измени на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2017 година, ги зголемиле субвенциите за одржување на лозови насади за 10% по хектар и субвенцијата сега изнесува 44.000 денари по хектар. За овие зголемени субвенции лозарите можат да конкурираат до 15-ти септември.

Share Button