„Време е за зимница” викендов на улица „Македонија“

Десет македонски компании, преработувачи на овошје и зеленчук, викендов ќе имаат можност да се промовираат и да го претстават преработувачкиот сектор на домашниот пазар на настанот „Време е за зимница” што ќе се одржи во сабота и недела, на улицата „Македонија” во Скопје.

Како што соопшти денеска на прес-конференција извршниот директор на Македонската асоцијација на преработувачи (МАП) Сашо Ристески, целта на манифестацијата е да ја да промовира домашната конзервна индустрија и да ја зголеми свеста кај потрошувачите на домашниот пазар за квалитетот и безбедноста на производите што оваа индустрија ги нуди.

„Време е за зимница” се организира со поддршка на Општина Центар и со Министерството за економија.

Share Button