Временските прилики ги поместија роковите за седиба и ги зголемија трошоците на земјоделците

seidba

Топлата зима и поволните временки услови во изминатите месеци ги поместија роковите за сеидба,  посебно во раноградинарството. Голем дел од производството годинава беше засадено многу порано од вообичаените термини. Од АПРЗ велат  новонастанатата состојба со снегот и наглото опаѓање на температурите засега нема да се одрази негативно кај посадените култури,  но сигурно ќе ги зголеми производствените трошоци, посебно во делот околу заштитата од температурните разлики. Токму затоа им препорачуваат  на производителите  доколку немаат соодветни услови да не ризикуваат и да не  ги започнуваат активностите многу порано од потребното.

,, Временските ситуации не дозволуваат некој пат да се брза, да се излегува на терен порано за некои работи бидејќи еве сега ќе се судриме и со поголеми трошоци околу производството на тие култури. Ќе бидат приморани земјоделците таму каде што произведуваат, расадопроизводството е во полн ек и во добра состојба, меѓутоа ќе мораат да вложат повеќе средства околу самото загревање и затоплување на таквите простории.,, вели Стојан Глигоров од АПРЗ – Струмица

Од АПРЗ велат дека како резултат на топлото време  оваа сезона градинарите со сеидба започнаа скоро месец дена  порано. Веќе комплетно е завршена сеидбата на зелката под пластеници, на голем дел од компирот како и пролетната зелка на отворена. Во напредна фаза е и расадопроизводството за доматите, пиперките и краставиците кај кои  во овој период треба да се посвети големо внимание, посебно во делот на затоплувањето и наводнувањето.


 

сител

Share Button