За шест години, бројот на млади земјоделци – намален за милион!

Во периодот од 2007 до 2013, намалена е и површината на земјоделски стопанства со кои управуваат  млади земјоделци од 57 на 53 милиони хектари.

Вкупниот број на млади земјоделци во Европската унија од 2007 до 2013, се намалил од 3,3 на 2,3 милиони, додека површината на земјоделските стопанства со кои управуваат младите земјоделци, во текот на истиот тој период, се намалила од 57 на 53 милиони хектари. Освен тоа, Европскиот ревизорски суд тврди дека не е остварена генерациска обнова, како цел за помош на младите земјоделци, иако за тоа има достапни средства (15,7 милијарди евра во рамките на вториот столб на Заедничката земјоделска политика во периодот од 2007 до 2020, односно 2,6 милијарди евра во рамките на првиот столб за периодот од 2014 до 2020 година). Тоа се некои од главните причини, поради копи Европскиот парламент во Стразбур, на својата пленарна седница во вторникот ги усвои извештаите за спроведувањето на Инструментот: „Заедничка земјоделска политика за млади земјоделци во ЕУ, после реформите во 2013 година“, дознаваме од канцеларијата на европарламентарката Петир.

Во извештајот, составен од Италијанскиот претставник, Никола Капуто, во име на Комисијата за земјоделство и рурален развој, се нагласува дека само околу 6% од вкупниот број на управители на земјоделски стопанства се помлади од 35 години, повеќе од половина се постари од 55 години, додека помеѓу државите членки постојат големи разлики.

Руралните средини потребно е да се направат привлечно место за живот

Во расправата се вклучила и хрватската претставничка во Европскиот парламент и членка на комисијата за земјоделство и рурален развој, Мирјана Петир која е и амбасадор на Клубот на Европската народна партија за избор на најдобар млад хрватски земјоделец. Таа направила осврт на напуштањето на руралните средини, велејќи дека „младите луѓе низ цела Европа ја напуштаат селската средина, со што се доведува во прашање производството на храна и опстанокот на руралните средини. Препорачливо е руралната средина да се направи посакувано место за живот, а земјоделството атрактивна дејност, доколку сакаме да се случи генерациска обнова, која е темел на иднината на европското земјоделство“.

Освен тоа, вели Петир „потребна е и подобра поддршка од оние кои денес имаат млади земјоделци, преку дополнителна мобилизација на финансиските инструменти во вториот столб. Немањето пристап до земјоделското земјиште, доцниот пренос на сопствеништвото врз земјоделското земјиште, недостапноста на кредити со поволни камати и нечесната трговска пракса, претставуваат пречки во работата на младите земјоделци и тие пречки и потешкотии мора да бидат отстранети веднаш“.

Еднакви можности за сите, независно од која држава членка доаѓаат

Таа смета дека, сите млади земјоделци треба да имаат иста стартна позиција, независно од која земја членка доаѓаат. Како решение го гледа овозможувањето пристап до финансиските инструменти и кредити под исти услови и каматни стапки. „Со воведувањето на соодветни програми, кои ќе поттикнат побрз пренос на сопственоста врз земјоделското земјиште, може да им се помогне на младите, порано да влезат на работа, а старите да имаат достоинствена старост“, нагласува Петир.

Генерациското обновување, како клучен приоритет го потенцира и Извештајот кој нагласува дека освен во Заедничката земјоделска политика, тоа мора да биде еден од клучните приоритети на заедничка политичка рамка и за националните стратегии. Истовремено, поттикнувањето на генерациската обнова е неодминлив предуслов за зачувување на земјоделството во целата Европска унија, а со тоа и за одржување на привлечноста и виталноста на руралните подрачја, посебно за поттикнување на разновидните земјоделски стопанства и промовирање на одржливи семејни земјоделски стопанства.

Комисијата за земјоделство и рурален развој, претходно овој месец го поддржа овој извештај, а за важноста и значењето на темата сведочат и 312 амандмани на претставниците, меѓу кои се и тие на хрватската претставничка Петир.

Share Button