Зајакнување на контролните системи за заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата

Денеска официјално заврши Твининг проектот „Понатамошно развивање на контролните системи на надлежните институции за заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата“, финансиран од Инструментот за претпристапна помош ИПА 2012 на Европската унија.
„Обезбедувањето на безбедна и квалитетна храна, е наша стратешка цел, пред се во насока на осигурување на заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата, а секако и кон исполнување на европските стандарди, за поголема присутност на македонски земјоделски производи на европските и меѓународните пазари. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство посветено работи на исполнување на сите предуслови за успешен почеток на преговорите со Европската унија. изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопансто, Љупчо Николовски.
Во рамки на овој проект, со работа со италијанските партнери, се реализираа активности за детерминација на статусот на присуство, односно отсуство, на штетни организми на територијата на Република Македонија. Исто така финализиран е предлог текстот на Законот за производи за заштита на растенијата и дефинирана е рамката на Националниот акциски план за одржлива употреба на производите за заштита на растенијата.
Посебен акцент беше ставен на активностите на проектот опфатени со компонентата за фитосанитарната политика, имајќи предвид дека воспоставувањето на пасошкиот систем кај растенијата и заштитата на здравјето на растенијата, претставуваат голем предизвик за надлежните служби во Република Македонија, но и за целото Поглавје 12, во евроинтегративниот процес.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, посочи дека со спроведувањето на утврдените проектни активности се овозможи подобрување на системите за контрола на болести кај животните, посебно за справување со предизвиците за болести со кои во моментов се соочува и цела Европа, како на пример, најновите случувања со Чумата кај малите преживари.
„Со спроведувањето на проектот, се обезбеди квалитатитвно зајакнување на административниот капацитет на секоја институција корисник поединечно. Некои од реализираните резултати претставуваат мотив за понатамошно вложување на напори кои ќе придонесат кон унапредување на македонските состојби со актуелните трендови во политиките на ЕУ за современо водење и управување на службите за безбедност на храната, ветеринарната и фитосанитараната политика“, изјави Атанасов.
Проектот траеше 18 месеци, се реализираа повеќе активности за детерминација на статусот на присуство, се обезбеди поддршка на подзаконските акти од областа на семе и саден материјал, како и подобрување на ефикасноста и ефективноста на работењето на фитосанитарните инспекциските служби и проширување на системот за пасоши кај растенијата, а се поддржа дефинирањето на Фитосанитарниот Информативен Систем, со кој ќе се подобри размената на податоците и информациите на надлежните служби во фитоисанитарниот систем, кој ќе се развива со поддршка на ИПА 2015 година.
Дополнително, се поддржа и заложбата на Владата на Република Македонија за извоз на македонскиот компир на пазарите на Европската Унија и дефинирањето на Фитосанитарниот Информативен Систем. Со овој систем ќе се подобри размената на податоците и информациите на надлежните служби во фитоисанитарниот систем, кој ќе се развива со поддршка на ИПА 2015 година.

 


 

мзшв

Share Button