Заврши наводнителната сезона во ХМС „Брегалница“

Наводнителната сезона 2017-та во Хидромелиоративниот систем „Брегалница“ заврши на 10 септември, во рамки на планираниот период. Во текот на сезоната се наводнуваа околу 6.000 хектари под разновидни култури, од кои само 2.500 хектари под ориз.

– Наводнителната сезона мошне успешно ја завршивме благодарение на максималното ангажирање на вработените од Водостопанство „Брегалница“ од Кочани, кои преку цело лето деноноќно беа на терен и се трудеа водата да стигне до крајните потрошувачи, согласно планот за наводнување донесен на почетокот на оваа година. За успешно завршување на сезоната ни помогна и одлуката за рестрикција на планираните површини за наводнување, посебно под ориз, кои ги намаливме за 2.500 хектари, истакна Николчо Гоцев, директор на „Водостопанство“ Кочани.

По успешно завршената наводнителна сезона во моментот во акумулацијата Калиманци има акумулирано само 13 милиони метри кубни вода. Инаку акумулацијата е со капацитет од 120 милиони метри кубни вода.

Share Button