Земјоделците од Кумановско да аплицираат за субвенции за нови лозови и овошни насади и за педигриран добиток

Подрачната единица на Агенцијата за развој и поттикнување на земјоделството Куманово ги информира земјоделците од регионот дека тече повикот за прибирање барања за користење средства за поврат на инвестиција за нови лозови и овошни насади и за набавен педигриран добиток од први октомври до 31 декември.

– Рокот ќе трае до 31 јуни годинава и ги повикуваме овие земјоделци кои инвестирале да аплицираат за поврат на средствата, изјави в.д. раководителот на подрачната единица Џабир Рамадани.

Сточарите треба да набават педигрирани, крави, овци, кози, свињи и можат да добијат 50 проценти поврат на средствата од инвестицијата.

– Имаме сознанија дека голем број земјоделци од Кумановско тој период подигнаа овошни насади. И како и претходните години и минатата беше тренд да се подигаат лешникови насади, истакна Рамадани.

Извесен период во Кумановско голем број земјоделци садат ореви и лешник, иако во одредени региони во овој дел од североистокот се уште се одгледува на поголеми површини кајсија, праска и слива.

Овоштарите веќе се информирале дека тече повикот и побарале помош за апликацијата од стручните лица од Подрачната единица.

Лани, само за нови овошни и лозови насади аплицирале 25 земјоделци за исплата на средства.

Според праксата од претходните години се очекува уште еден повик за инвестициите што се реализирале од јануари до април годинава.


 

сител

Share Button