Земјоделците од струмичко ја чекаат одлуката за интервентните субвенции за доматите

domati

Производителите на домати од струмичко чекаат Владата да ја донесе  одлуката за интервентна субвенција од 4 денари за секој предаден килограм во преработувачктие капацитети што ја најави министерството за земјоделие.

Семејството Ковачеви од Куклиш слушнале за најавената нова мерка и сметат дека овие дополнителни 4 денари само ке ја ублажат состојбата  на терен а а не дека ќе заработат од годинашново производство.

Заради пренатрупеност на пазарите во опкружувањето, од минатата недела целосно закочи откупот на доматите во струмичко. Земјоделците реагираа оти производството почна да им скапува по нивите. Министерството за земјодлесто предлаожи дополнителни субвенции за земјоделците ако  производството го  предадат во конзервните фабрики.

Неофицијално Владата уште утре ќе расправа  за интервентните субвенции со што земјоделците освен постоечките три денари ќе добијат плус 4 или вкупно 7 денари од државата ако производството до 15 јули го предадат кај домашните преработувачи.


 

24вести

 

Share Button