Значење на стрижењето на овците и како правилно да го направите

Со стрижењето на овците се олеснува чистењето на нивната кожа, при што се намалува можноста од задржување на кожните паразити. Со стрижењето, исто така се олеснува губењето на телесната топлина, се забрзува метаболизмот, се подобруваат апетитот, кондицијата и продукцијата.

Волната е исклучително важен производ од овците. Поради нејзините посебни карактеристики и покрај напредокот на знаењето и технологијата, неа неможат во целост да ја заменат текстилот и синтетичките суровини. Како што објаснува, дипломираниот инжинер Сафет Весниќ, со стрижењето на овците се олеснува чистењето на кожата и се намалува можноста од задржување на кожни паразити. Со стрижењето се намалува телесната топлина, се забрзува метаболизмот на хранливите материи, се подобруваат апетитот, кондицијата и продукцијата. Истрижените овци помалку се потат и брзо се сушат. Но, мора да се напомене дека непосредно после стрижењето, животните се осетливи на наглите временски промени, поради што неопходно е да се чуваат од преладување заради големите разлики во топлината.

Пред стрижењето овците треба да се подготват

Во нашата средина, во нормалните години, вообичаено е стрижењето да се врши во мај, односно кога времето е доволно топло. Но, во случаи на нагло заладување, истрижените животни треба да се чуваат во затворено. Весниќ, нагласува дека овците пред стрижењето треба да се подготват, затоа што тие мора да бидат што почисти, а руното, колку што е можно помалку извалкано. Добро е, пред стрижењето да се потстрижат, односно прво да се истрижат највалканите делови на телото (опашката, стомакот). Исто така, препорачливо е, 10 -12 часа, пред стрижењето, овците да не се хранат.

Направете прецизен план на стрижење

Планот за стрижење направете го така што работата ќе може да се заврши во што е можно пократок рок, на соодветно мсто, под чисти и суви настрешници или во дел на овчарникот. Во недостаток на соодветна маса со висина од 40 – 50 см, стрижењето може да се изврши и на под или на земја покриена со некоја прекривка – платно. Најпримитивен и најмакотрпен начин е рачното стрижење на овците. Вештите и добро обучени работници за работа со ножици за стрижење, можат да истрижат 50 – 60 овци дневно. Руното треба да се сече внимателно, односно мора да се внимава да не се оштети или исече кожата, затоа што секоја повреда може да стане соодветно место за влегување на разни микроорганизми во кожата и развој на инфекција.

После стрижењето, потребно е да им се зајакне храната на овците

Стрижењето со машина е многу побрза и подобра постапка, затоа што овозможува еднакво, рамномерно стрижење, при што руното не се распаѓа и лесно се сортира. Таквиот начин на стрижење, оневозможува оштетување на кожата и создавање рани. Сафет Весниќ, нагласува дека, независно од  техниката, стрижењето треба да започне од главата на опашката. Истриженото руно се шири, така што да падни целата нечистотија и другите додатоци. Потоа, се остава одредено време да се исуши. После стрижењето, овците бараат сместување на топло и заштита од дожд, ветер и други непогоди, се додека кожата не ги промени своите реактивни и одбранбени способности, против штетното влијание на надворешните фактори. Истрижените овци, го зајакнуваат метаболизмот, поради што неопходно е во тој период подобро да се хранат, а посебно да им се даваат концентрати.

 

 

 

Share Button