Инфраструктурна  инвазија во Општина Новаци

(Oвој напис е објавен на: October 9, 2019)

 

Во општина Новаци се случува инфраструктурна инвазија која се реализира со помош на повеќе проекти. Се асфалтираат повеќе патни правци, се уредуваат улици со бехатон плочки што според локалната самоуправа  ќе значи подобрување на квалитетот на живот на жителите од оваа општина.

 

Асфалтиран патниот правец од с. Скочивир до Река Коњарка, нов асфалтен пат до с. Тепавци, с. Градешница ќе стане туристичка атракција, асфалтиран остатокот од регионалниот пат до с,Старавина , асфалтирање на локални улици и патишта во општина Новаци, ова се активностите што Општина Новаци ги реализира и со право може да се каже дека има инфраструктурна инвазија.

“Изградбата на  патниот  правец од с. Скочивир до река Коњарка  е од големо значење за жителите од овој крај .Не само што го зголемуваме квалитетот на живот на локалното население градејќи инфраструктура за сите, ја зголемуваме и туристичката понуда за овој крај кој располага со бројни културно -историски споменици кои датираат од Прва светска војна олеснувајќи го пристапот до нив .Одсега за љубителите на убавата природа , рекреативност и одмор и излетничкото место на река Коњарка ќе биде подостапно “, вели  градоначалникот Љубе  Кузманоски.

Преку мерката 321 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се асфалтира патот до с.Тепавци во должина од 3 км.

“После неколку децении жителите на с.Тепавци добија нов асфалтен пат во должина од 3 км.Сега е целосно олеснат пристапот до ова населено место така што го решивме деценискиот проблем на жителите од ова село што овозвоживме инфраструктурно поврзување благодарение на финансиската поддршка од Владата на РС Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Програмата за рурален развој е одличен пример за тоа како се подобруваат условите за живот во руралните средини .Ние како локална самоуправа подготвуваме бројни инфраструктурни проекти кои се од приоритено значење за локалното население од понеразвиените населени места од нашата општина и максимално ги искористуваме средставата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој .Ги подобруваме условите за живот и овозможуваме обнова и развој на сите населени места во општина Новаци ,” посочува градоначалникот Кузманоски.

Во с.Градешница кое се смета за Бисер на Битолско Мариово обезбедена е техничка вода за наводнување на долно Маало .Од неодамна претпознатлива по споменикот скулптура Коњ -триумф на животот над смртта .Наскоро Градешница ќе биде препознатлива по комплетно партерно уреденото капалиште на Градешка река под селото кое ќе биде атракција и место за уживање за туристите и локалното население.

Од локалната  самоуправа  велат дека вложуваат  во селата од овој крај со цел да го запрат негативниот тренд на иселување на месното население .Ги обновуваме , ги правиме инфраструктурно попристапни до секого.

 

Во повеќе населени места во општина Новаци асфалтирани се локални улици  во должина од 1 км .Со  програмата за изградба и одржување на локалните патишта и улици во општина Новаци за 2019 година опфатени се 9 населени места од кои во 7 села веќе е извршено асфалтирање на дел од локалните улици.

Според годишната програма на општината асфалтирани се улици во с. Долно Агларци во должина од 180 метри , с.Скочивир  -100 метри , с.Добровени -150 метри , с.Бач-100 метри , с.Брод -200 метри , с.Гнеотино до манастир Св.Стефан -100 метри , с.Суводол до манастир Св.Никола -150 метри .Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Новаци по програмата за изградба и одржување на локалните патишта и улици  за 2019 за која се предвидени  4.000.000 денари .Изведувач на градежните работи е Стентон градба ДОО Битола , информираат од Општина Новаци.

П.Ј.