fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Променливо облачно со сончеви периоди

Утринската температура ќе биде од 5 до 15 Целзиусови степени, а во попландевнте часови ќе се движи од 18 до 28 Целзиусови степени.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови од земјата ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе биде од 5 до 15 Целзиусови степени, а во попландевнте часови ќе се движи од 18 до 28 Целзиусови степени.

Според прогнозите на УХМР, во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата наутро ќе биде 12, а попладне ќе се искачи до 25 Целзиусови степени.

Во првиот ден од викендот, според УХМР, времето ќе биде наутро студено, а во текот на денот претежно сончево со слаб ветер од северен правец. Сончево со слаб ветер од северен правец утре ќе биде и во Скопје. Температурата утре ќе се движи од 4 до 13 Целзиусови степени наутро, а попладне од 19 до 29 Целзиусови степени, се вели во прогнозата од УХМР.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close