КАЛЕНДАР НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ЗА МЕСЕЦ АВГУСТ

(Oвој напис е објавен на: August 1, 2017)

grozje

Овоштарство
Наводнувањето на покасните сорти на јаболка и круши во месец август
обезбедува пораст на плодовите. Секако, високиот квалитет зависи и од систематската
борба против болестите, штетниците и плевелите.

jabolka

Во насадите од малина, после бербата се отстрануваат сите родни гранки, за да
се овозможи брзо да се зголемат новите папки и да се формира плод. Задебелените
гранки, како и гранките кои што излегуваат во мегуредието, се отстрануваат. Исто така,
овој период треба да се изврши разровкување на почвата и отстранување на плевелите.
Септември е период за садење на јагоди, а тоа значи дека површината треба да се
подготви уште во август. Добрата подготовка значи заорување на почвата на длабочина
од 40 – 50см со плуг, а потоа се заорува на длабочина од 25 до 30 см во обратен
ораничен слој. Пред ова орање се расфрлаат 2-3 тона арско ѓубриво, на декар, а исто
така потребно е да се внесе и минерално ѓубриво.
Во текот на месец август кај јаболкото и крушата, треба да продолжи мониторингот
за појава и развој на втората генерација на јаболковиот црв. Борбата со сливовиот
овошен црв, завршува во текот на првите десет дена од месец август.
Кон крајот на месецот, доколку дојди до заладување, може да се појават услови за
силен напад од подоцнежно кафеаво гниење. Ова може да биде причина за потреба од
уште 1 до 2 дополнителни третирања кои што ќе се извршат пред бербата со соодветни,
регистрирани фунгициди со кратка каренца.
Градинарство
Август е месец, во кој што градинарите имаат доста обилна работа. Имено, во овој
период треба да се продолжи со грижата за првите посадени култури, градинарите се
припремаат и за садење на вторите култури, а се наметнува и бербата. Треба да се има
во предвид дека, треба да се отстранат деформираните, заболени и нестандардни
плодови од краставици, домати и пипер. Тоа ќе овозможи нормален раст на новите
заврзоци, ќе се намали опасноста од зараза и воопшто ќе се добие подобар и
порентабилен производ.
За да се намали опасноста од болести и штетници во градинарските култури, не е
доволно тие само да се испрскаат. Потребно е да се испрска и уништи и плевелот во и
покрај површината засадена со градинарски култури. Ова особено важи за оранжериите
каде што
Сите зеленчукови култури во овој период имаат потреба од вода. Најдобро време
за наводнување е во раните утрински часови или покасно навечер.
Со цел да се заштитат доматите, потребно е да се водат редовни забелешки и
контроли за алтернариата, пламеницата и пепелницата. Исто така треба да се води
контрола и кај пиперот и кај краставицата. Веднаш при појава на првите симптоми,
потребно е да се реагира со соодветните фунгициди, а исто така веднаш штом се
надмине економскиот праг на штетниците потребно е да се истретира со соодветни,
регистрирани инсектициди.
Лозарство
Задолжителна практика е да се откријат новозасадените облагородени лозички и
да се исчистат од т.н росни корени. Ова е потребно за да се постигне добар развој на
кореновиот систем во длабочина. Во месец август особено е важно да сеотстранат
листовите околу гроздовите, особено кај десертните сорти. Ова ќе им го подобри
зреењето и ќе ја намали опасноста од распаѓањето на гроздовите.
Потребно е да се следи појавата на специфичните болести, како пламеница,
пепелница и сл. И одма по појавата на првите симптоми веднаш да се третира со
соодветни, регистрирани фунгициди.
Август е соодветно место за почеток на припремата на местото кое што е
определено за подигнување на нов лозов насад.
Поледелство
После жетвата на житните култури најважно е да се изведи длабоко орање на
ослободените површини. Августовското орање заедно со користењето на органски и
минерални ѓубрива претставува многу корисна агротехничка мерка.
Сувото и жешко августовско време ги принудува фармерите почесто да ги
наводнуваат земјоделските површини. Водата несомнено ке ги зголеми приносите кај
пченката, но во втората половина од месецот може да се покаже штетно за цвеклото. Тоа
ке ги намали шекерните единици и ке ги влоши технолошките својства на коренот.
Месец август е време за берба на некои поледелски култури, како сојата, гравот и
др. Многу е важно да се утврди точното време за берба. Од тоа ќе зависи квалитетот на
производството, соодветноста за обработка, складирање или директна употреба. При
берба, сојата треба да добие кафеавкаста или златно – жолтеникава боја, семето да е
цврсто, а листовите да почнат да венеат. Потребно е гравот да се исуши на сонце.
Доколку тој содржи влага повеќе од 14%, зрното ќе ја загуби белата боја и ќе пожолти, а
исто така не е исклучено и појава на мувла.
Сточарство
Организација и спроведување на кампања за осеменување во овчарството е една
од најприоритетните задачи во месец август. Овците се сезонски, полициклични животни
кај кои мркањето е на секои 16 -17 дена во сезоната на парење. Еструсот е од 24 до 36
часа, но во зависност од расата, начинот на одгледувањето и исхраната на животните,
може да се движи од 6 до 72 часа. Евулацијата настанува кон крајот на еструсот, обично
24 – 40 часа од неговиот почеток. Од голема важност за добивање на висока
продуктивност кај овците е правиот избор и подготовка на машките приплодни грла. За
разнможување се избираат овни со добар екстериер, здрави копита, нормално развиени
семеници и висок квалитет на семената течност. Потребно е да се земат крвни
примероци и да се исптаат за заразен епидимитис. Многу е битна исхраната на овните и
на тоа фармерите обрнуваат посебно внимание 2 месеци пред почетокот на кампањата
за осеменување. Хранливата смеска за еден овен со жива тежина од 100 кг. може да
биде следна: овес 0,5кг, јачмен 0,2кг, печени трици 0,3кг, сончоглед или пулпа 0,2 кг и
моркови 0,5 кг, зелена трева и сено по желба и 0,5 – 1л млеко со едно јајце во него.
Доколку има нејасни знаци на мркање кај овците, се користат овни за проба. На 50
овци се одредува по еден овен за оваа цел. Може да се употребат машки грла по
навршување на 10 месечна возраст.
Престилките треба да бидат чисти, да се перат и да се менуваат секојдневно.

 


 

агенција.гов.мк