fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Дневницата за работа во недела за минимална плата е 1.140 денари, за просечна 2.186 денари

За празник следуваат 2,5 дневници

Примената на законите со кои недела станува неработен ден за осум проценти од вработените, како и неработните празници од почетокот на годинава треба да ја зголемат јануарската плата на оние кои наместо да одмораат, беа на своите работни места.

Сојузот на синдикатите на Македонија, на чија инцијатива недела стана неработен ден, пресмета дека најниската дневница за работа во недела ќе изнесува 1.140 денари и ќе им се исплатува на оние со минимална плата. За просечна плата која во октомври лани според Државниот завод за статистика изнесува 29.145 денари, за работа во недела треба да се исплатат 2.186 денари. ССМ потсетува дека за работа на празник со Општиот колективен договор се предвидени две ипол дневници.

-Согласно податоците на ДЗС за третиот квартал 2021 година, бројот на вработени изнесува 796.671 лица. Од нив 63.734 лица, односно 8% се вработени кои согласно Законот за работните односи и Законот за трговија би работеле во денот недела. Доколку сите тие работат во ден недела, дневницата за работа во недела на минималната плата од 15.194 денари ќе им изнесува 1.140 денари. Работодавците ќе треба да им исплатат вкупно 72.656. 760 денари на работниците, односно ако ги работат сите четири недели во месецот, ќе треба да им исплатат 290.627.040 денари на работниците, посочуваат од ССМ.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close