fbpx
ВестиТоп вести

Се воведува пред финансирањето за поголема искористеност на средствата од ИПАРД фондовите

Се воведува пред финансирањето за поголема искористеност на европските развојни фондови.

 

Сите кои ќе склучат договор за искористување на пари од ИПАРД фондовите ќе може да добијат пари без камата на 5 до 7години отплата од државата со цел да се забрза отворањето на нови современи капацитети во земјоделството.

Стопанственици, агробизнисмени, професори и претставници од земјоделските здруженија од стопанската комора на дебата со министерот за земјоделство разговараа како да се надминат некои проблеми кои се пречка за долгорочен развој на секторот земјоделство.

Оваа економска гранка е една од позначајните во стопанството која придонесува со 13% во БДП а со правилно дизајнирање на мерките може да зборуваме во иднина и за двојно поголемо значење на земјоделството ако наместо како суровина се повеќе извезуваме производи со додадена вредност  потенцираше министерот за земјоделство.

Науката предлага да се воведат субвенции за семејствата кои имаат средношколци во земјоделски училишта или студенти на земјоделските факултети за да се запре загрижувачки малиот интерес за идни агрономи како основа за долгорочен развој на секторот кој има неискористен производен потенцијал.

извор: канал5

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close