fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Спогодба меѓу МЗШВ и Државната Служба на Украина за безбедност на храна и заштита на потрошувачите

Соработка во областа на карантин и заштита на растенијата

Од 15 до 17 јуни 2021 година, во Киев се оддржа Третата Сесија на Мешовитата комисија задолжена за спроведување на Договорот за трговска и економска соработка меѓу Република Северна Македонија и Украина, на која учесвуваа и претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанствo. На состанокот на Мешовитата комисија, беше разговарано за унапредување на соработката меѓу двете земји со фокус на земјоделството.
За време на работната посета на Украина, беше потпишана Спогодба меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Државната Служба на Украина за безбедност на храна и заштита на потрошувачите, за соработка во областа на карантин и заштита на растенијата.
Со оваа Спогодба се овозможува ефикасна имплементација на фитосанитарните мерки во двете држави, со што ќе се сведе на минимум фитосанитарниот ризик, а Република Северна Македонија и Украина ќе ги заштитат своите територии од внесување и ширење на регулирани штетни организми.
Во име на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Спогодбата ја потпиша Амбасадорот на Република Северна Македонија во Киев, Крум Ефремов.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close