fbpx
ВестиСовети

ЗОШТО ДА ЈАДЕТЕ ЛУБЕНИЦА КОГА Е ЖЕШКО?

lubenica

1. Ја помага хидратацијата на телото

Водата го одржува организмот хидриран. Кога количеството во   телото  се намали, кожата и косата ни стануваат суви, имаме главоболка. 92% од лубеницата е вода , што ја прави идеално средство за справување со дехидратацијата во топлина. Комбинацијата од вода и влакна во овој плод го помагаат варењето.

2. Содржи хранливи материи и корисни растителни соединенија

Количината на калории во плодот е многу помалку од тоа во некои овошја со шеќери. Во 154 грама лубеница (препорачан дневен внес) има многу други хранливи материи, меѓу кои 21% витамин Ц, 18% витамин А, 5% калиум, 4% магнезиум, како и околу 3% од витамините Б1, Б5 и Б6: 3% .

Лубеницата е исто така со висока содржина на каротеноиди, вклучувајќи бета-каротен и ликопен. Освен тоа има цитрулин. Меѓу најважните оксиданти содржани во лубеницата за Витамин Ц (помага во борбата со слободните радикали; Каротеноидите (вклучуваат алфа-каротен и бета-каротен, кои нашето тело го претвора во витамин А), ликопен (ја дава црвената боја на плодот; кукурбитацин Е (има антиоксидантни и антиинфламаторни својства).

3. Спречува формирање на канцерогени клетки

Ликопенот и други одделни соединенија во лубеницата имаат антиканцерогени ефект. Студиите покажуваат дека има врска помеѓу ликопенот и ракот на дигестивниот систем, бидејќи супстанцијата во лубеницата го намалува инсулуноподобниот фактор на раст. Токму неговите високи нивоа можат да доведат до појава на рак.


 

локално.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close