вестиТоп вести

Од 8500 пријавени земјоделски стопанства жени носители се само 1600

Рурална жена

 

 

Според податоците од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија од 8500 пријавени земјоделски стопанства жени носители се само 1600.

Според Федерацијата на фармери на Република Македонија  загрижува малата вклученост на жените во земјоделските здруженија, во бизнисот и во донесувањето одлуки за развој на земјоделството.

На жените од руралните средини отпаѓаат 1,6 милијарди или преку четвртина од вкупното светско население.Произведуваат речиси половина од храната, до 80% во Африка, 50% во Азија и околу 40% во Јужна Америка и западните земји.

Овие и други слични податоци се доволен поттик и нашите жени земјоделци да се обединат и да се изборат за своите права, да бидат поактивни и вистински лидери, придвижувачи на земјоделскиот процес, сметаат од Федерација на фармери на Р.М.

 

Содржините на оваа веб-страница се одговорност на сопственикот и уредникот и не ги одразуваат ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија

З.Б.

 

 

Слични написи

Back to top button
Close