вестиТоп вести

Пазарџиите незадоволни, но поделени за протест

Пазарџиите кои излегоа на протест тврдат дека изминатиов период се соочувале со големи притисоци, па затоа протестот и немал толкав одѕив.

Иако најавен како генерален предупредувачки штрајк, сепак поголемиот дел од пазарџиите на Зелен пазар не излегоа на протестот. Голем дел од тезгите денеска работеа. Никој не сакаше да зборува пред камера, но за Канал 5, дел велат дека го поддржуваат штрајкот иако седат крај своите тезги, но имаше и онакви кои ни посочија дека не го поддржуваат протестот.

„Да ве информирам дека во претходниот период откако беше најавен штрајкот, се вршеа најразлични притисоци на тезгаџиите со цел да не излезат, дури ние денеска како што се собравме надвор им беше дадена наредба на реонски баждарџии да не сликаат кои сме излезени надвор, контролорите на Скопски пазар од сите страни не набљудуваа, кои сме излезени.“-Маја Стојановска,  претставник на закупци на тезги.

Пазарџиите се противат на новиот ценовник на Скопски пазар, со кој велат дека драстично им се покачиле цените за закуп на тезга, и на лошите услови на пазарот. Бараат закупнината на тезга да биде еднаква за сите, по 3 600 денари месечно.

Од Скопски пазар велат дека зголемени се само цените за дневен закуп на тезга. А, целта е да се избегнат манипулации.

„Секојдневната наплата во вкупен износ за едно продажно место-тезга беше помал од месечниот износ на закуп за продажно место-тезга од иста категорија. Пракса која дозволуваше манипулација со продажни места-тезги, нефер однос  и нелојална конкуренција кон редовните и долгогодишни корисници, а се исфлени од употреба преку зголемена цена на дневен закуп.“-Скопски пазар.

А од истата причина се укинува и претходно дозволената резервација за зимски период.

Претходно пазарџиите протестираа и за новиот закон за зелени пазари, кој предвидуваше пазарџиите да си обезбедат и лиценци за работа. Надлежните го повлекоа законот. Се работи на ново законско решение.

извор: Канал5

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close