fbpx
ВестиТоп вести

Поддршка до 80% од државата за инсталирање на системот „капка по капка“

Државата ќе субвенционира до 80% поддршка за системи капка по капка и ископ на нови бунари, со што македонскиот аграр ќе заштеди многу – што значи зголемен принос, екстра профит и заработувачка.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој ја промовираше новата мерка за земјоделците, вели дека развојот на аграрот е еден од стратешките приоритети за владејачката партија.
kapka_po_kapka1
Воспоставување на систем за наводнување и соодветно дозирање на водата овозможува зголемување на приносите кај неколку култури и за неколку пати.
Груевски рече дека преку напорен труд и контакти со земјоделците, како и реализација на голем број мерки се создадоа услови за егзистенција на многу земјоделски семејства. Но, сепак овие заложби продолжуваат.
– Ова е важна можност за земјоделците. Современите систем за наводнување како капка по капка нудат решенија кои ја намалуваат потрошувачката на вода, го намалуваат непожелниот вегетативен пораст, го зголемуваат квалитетот на производот и гарантираат константен квалитет, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Тој истакна дека системот „капка по капка“ има многу предности како што се дека водата оди онаму каде што е потребна, се овозможува заштеда на вода, лесно се инсталира и секој земјоделец може да го користи.
– Примерите кои се реализирани кај нас во Македонија покажуваат дека со правилна употреба на системот приносот може да се зголеми за половина, а кај некои култури и за повеќе пати, рече Груевски, додавајќи дека со проектот на УСАИД за поддршка за инсталирање на системот е постигнат просечен принос од 13 тони на еден хектар.
Груевски рече дека средствата за останатите 20% кои треба да ги обезбеди земјоделецот, може да се обезбедат преку кредитната линија од 10,8 милиони евра од Македонската банка за поддршка на развојот.
Нагласи дека земјоделството е комплексен процес каде се потребни постојани иновации и надоградување, и затоа е потребна масовна примена на системот.
313340-so-sistem-kapka-po-kapka-zgolemeni-prinosite-na-pchenka-vo-severoistochniot-region
– Преку мерката финансиски ќе се поддржат земјоделците и земјодеските стопанства за инсталирање на модерни системи за наводнување. Тоа ќе донесе сериозна заштеда. Процеките говорат дека цените за чинење за инсталирање на систем капка по капка за површина од еден хектар за овошен насад знесува 105.797 денари, за лозов насад 114.422 денари а за пченка 123.000 денари, истакна Груевски.
Новата мерка треба да започне да се применува во 2017. година за која што ќе се издвојуваат по 3 милиони евра годишно, фонд кој по потреба ќе расте.
Инаку, ефикасниот систем за наводнување станува се позначаен за земјите од Европската Унија.. Примерите кои се реализирани во Македонија покажуваат дека со правилна употреба на системот, приносот може да се зголеми за половина, а кај некои култури и за повеќе пати.
– Ова е само еден од многуте проекти кои ќе бидат дел од новата програма. Ние сме во постојана комуникација со здруженијата на земјоделци и со самите земјоделци. Ние добро знаеме што е она што му е потребно на македонскиот земјоделец. Новата програма ќе биде одговор на тие проблеми и ќе содржи и многу други реални проекти со конкретни рокови кои занете дека ќе ги реализираме. Тоа ќе биде програма за Македонија, онаква каква што ја градиме и секој еден граѓанин ја заслужува, напредна, стабилна и силна, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој ја промовираше новата мерка.
Истовремено на овој начин ќе се намалат и несогласувањата за распределба на водата како ресурс и трошоците за скапи и тешко оддржливи системи за наводнување кои често пати се поскапи и од родот. Така, системот „капка по капка“ има многу предности – водата оди онаму каде што е потребна, се овозможува нејзина заштеда, лесно се инсталира и секој земјоделец може да го користи со голем бенефит за себе.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close