вестиСоветиТоп вести

Предности на плодоредот

(Oвој напис е објавен на: декември 13, 2019)

Плодоредот е систем, во кој градинарските култури со повеќе годишен распоред се одгледуваат на различни површини. Главна цел на плодоредот е спречување на ширењето на штетници, болести и плевели, кои се својствени за определен вид на култури. Ако секоја година на иста површина се одгледува култура домаќин, многу брзо ќе се згoлеми бројот на штетници, болести и плевели, што често станува сериозен проблем. Меѓутоа до колку недостига нивниот домаќин тие постепено исчезнуваат.

Разновидните нематоди кај компирот и доматот , зелкината кила која ги напаѓа речиси сите зелки и белата гнилеж, се вообичаени проблеми во почвата кои успешно можат да се намалат со воведување на плодоредот. Плодоредот кај зеленчукот има и други предности. Некои култури на пример, компирот, толку добро ја покрива почвата што ги задушуваат повеќето плевели, па се корисни следбеници на културите што тешко се чистат од плевел, на пример кромидот.

Повеќето коренести зеленчуци, особено компирот, помагаат во растресувањето на почвата и ја одржуваат нејзината структура отворена и исполнета со воздух. Повеќето зеленчуци по фамилијата мешункасти растенија вклучувајќи ги и грашокот и гравот, го врзуваат азотот во почвата со помош на израстоците на коренот, па така тој е достапен на следните култури. Затоа големите потрошувачи на азот, на пример лисните зелки, компирот или спанаќот, треба да се садат по мешункавите растенија.

Спротивно на тоа, коренестите зеленчуци на кои му треба значително помалку азот, може да се садат по зелките. Некои видови зеленчуци, на пример повеќе годишни растенија и многу сорти на салата, не влегуваат вп системот на плодоред.

Салатата останува многу кратко време во земјата и затоа се користи како меѓу култури, или за привремено исполнување на празнините во зеленчуковите леи. Како и кај другиот зеленчук, овие растенија не би требало да се одгледуваат повеќе години едно по друго на исто место. Трајните видови на зеленчук, најдобро се одгледуваат во постојани леи или единечно, и така не влегуваат во плодоред.

Звезда Ричлиева

АПРЗ

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close