(видео)Промовиран новиот трактор John Deere 3045 B

(Oвој напис е објавен на: October 31, 2019)

Промовиран новиот трактор John Deere 3045.

Се работи за тракторот  од серијата B, со четири цилиндричен мотор, 45 коњски сили и со погон на сите тркала. Компактен и практичен трактор кој поседува серво управувач, целосно затворена предна оска, тегови и заштитен рол-бар. Негови адути се големата моќност, малата ширина и меѓуоскино растојание како и  малиот радиус на вртење.