вестиТоп вести

Пoдобрување на спроведувањето на законодавството за здравствена заштита на животните, безбедноста на храна и фитосанитарното законодавство и соодветните информативни системи

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), заедно со надлежните тела за фитосанитарна политика на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, отпочна активности за спроведување на проектот “Подобрена имплементација на законодавството во делот на здравјето на животните, безбедноста на храната и фитосанитарната област и соодветните информациски системи” кој се реализира со финансиска поддршка од Европската унија во рамки на ИПА 2015. Носител на проектот вреден 1,6 милиони евра е Агенцијата за храна и ветеринарство и истиот ќе се реализира заклучно со декември 2020 година во соработка со Фитосанитарната управа, Државната фитосанитарна лабораторија и Државниот инспекторат за земјоделство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Главна цел на проектот е заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата, со цел подобрување на конкурентноста на македонските земјоделско – прехранбени производи на европскиот и светскиот пазар. Со проектот ќе се зајакнат постоечките системи на надлежните институции и ќе се преземат активности за подигнување на јавната свест, со цел подобрување на здравјето на животните, јавното здравје и здравјето на растенијата во земјава.

Агенцијата за храна и ветеринарство од денес, 5-ти декември 2019 година, почнува со реализација на Кампањата за подигнување на јавната свест за благосостојбата на животните, со акцент на стерилизацијата и микрочипирањето на домашни миленици, како дел од четвртата компонента на овој проект која опфаќа реализација на кампањи за подигнување на јавната свест за генералните принципи за благосостојба на животните, за благосостојба на животните за време на транспорт, благосостојбата на работните коњи и кампањата за благосостојбата на кокошките несилки.

Во рамки на Кампањата за промоција на одговорно сопствеништво, подготвени се едукативни видео спотови, билборди, летоци, а планирано е и одржување на работилници и едукативни настани со деца од основните училишта, на кои ќе бидат промовирани основите на одговорното сопствеништво и стерилизацијата и микрочипирањето на милениците домашни миленици како мерки за намалување на популацијата на бездомни животни.

Во областа на фитосанитарната политика фокусот е на спречување на внесување и појава на карантински штетни организми, употреба на производи за заштита на растенијата во процесот на производство на храна и добиточна храна, како и нивната ефикасна контрола, што обезбедува поголем степен на заштита на здравјето на луѓето и животните, како и заштита на животната средина

извор: МЗШВ

Слични написи

Back to top button
Close