Земјоделскиот факултет, наместо винариите да ги одредува шеќерните единици за грозјето при откупот, бараат тиквешките лозари. Тие ја повикаа оваа научна институција на помош за да ја одреди технолошката зрелост на грозјето и кога тоа да се бере. Велат дека им е преку глава од уцените на винариите, кои им ја нудат истата цена и за мала шеќерност, но и за грозје со виоки малигани.
Лозарите бараат од владата со новиот закон за вино да се предвиди исплата на грозјето најдоцна до нова година, на лозарите кои имаат приход помал од 10 илјади евра, грозјето да им се исплаќа веднаш, а субвенциите на регистрираните земјоделци двојно да се зголемат.
Министерството за земјоделство е со лозарите и е на правилната страна, вели министерот Ттрајан Димковски. Ја прифаќа идејата за средба со експертите од факултетот и најави засилени контроли врз винариите. Сепак, не може да им вети на земјоделците дека проблемите со ниската откупна цена годинава ќе ги нема.
Според министерот Димковски, годинава се очекува грозје со високи шеќерни единици, а со тоа и повисоки откупни цени. Лозарите се скептични и се плашат од нови уцени од винариите, кои повторно можат да предизвикаат протести и блокади.