fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Ранковце добива нов систем за наводнување

Водата е главниот ресурс за стабилно и конкурентно земјоделско производство и за намалување на увозната зависност. Денеска, во општина Ранковце,се означи почетокот на изградбата на системот за наводнување „Славишко Поле“.

Проектот е финансиран од „Инструментот за претпристапната помош –ИПА” на Европската унија, во вредност од близу 1,7 милиони евра. Со изградбата на новиот систем ќе се овозможи наводнување на нови 200 хектари земјоделско земјиште.

Ефикасното наводнување на земјоделските површини преку новиот систем ќе придонесе за 3 пати поголем приход, од оној што сега го остваруваат земјоделците од хектар површина во овој регион, што крајно ќе влијае врз подобрување на животниот стандрад.

Во овие три години МЗШВ, се фокусираше на реализација на повеќе крупни капитални инвестиции во водостопанската инфраструктура, коишто се важни за зголемување на наводнуваните земјоделски површини и за развој на земјоделскиот сектор.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close