fbpx
Вести

Поднесени 182 барања за субвенционирање печки на пелети

peleti

Градот Скопје ги потсетува граѓаните кои имаат намера да аплицираат на Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети истото да го сторат најдоцна до 13.03.2017 година (понеделник).

Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за купување печки на пелети за 2017 година почна на 27.02.2017 година и ќе трае заклучно со 13.03.2017 година (понеделник). Сите апликации коишто ќе пристигнат по овој датум воопшто нема да бидат прифатени, ниту разгледувани.

Оваа година Јавниот повик ги опфаќа граѓаните на градот Скопје коишто се затоплуваат на печки со дрва, јаглен, нафта и мазут и претставува една од мерките кои Градот Скопје ги презема со цел подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух.

Условите за добивање субвенција се: барателот да нема искористена субвенција за истата намена од кој било извор во Република Македонија; да е жител на град Скопје; да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут; новата печка на пелети која ќе ја купи да биде инсталирана и да се користи на истата адреса од личната карта, да нема приклучок на градско централно греење во објектот каде што е инсталирана печката; станбениот објект да не е во фаза на градба; и барателот да има платено данок на имот за објектот каде што е инсталирана печката, заклучно со 2016 година.

До вчерашниот ден граѓаните имаат поднесено 182 барања кои моментално се во фаза на разгледување, а комисијата почна со теренска проверка на дадените локации каде што ќе бидат поставени набавените печки на пелети.

Градот Скопје ги повикува граѓаните кои се уште не поднеле барања, а имаат намера истото да го сторат, да аплцицираат и документите да ги поднесат до Архивата на Град Скопје секој ден од 9.30 до 15.00 часот. Целиот Јавен повик е објавен на официјалната веб страницата на Град Скопје и трае до 13 март 2017 година, се вели во соопштението на Град Скопје.


 

а1он.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close