fbpx
Вести

Поисплатливо е од лешник, а за почеток се потребни 2500 евра

sipka

Шипката е поисплатлива од лешникот, а за почеток ќе треба да инвестирате 2500 евра.

Александар Продановиќ од Ваљево, Србија засадил шипка, иако луѓето му зборувале дека шипка има на секој чекор и нема потреба да се инвестира во таква билка.

До 2011 година работел во фармацевтска компанија, а потоа останал без работа и решил да се занимава со земјоделство затоа што дедо му се занимавал со одгледување на зеленчук.

Своја земја нема и затоа зема под закуп 7  хектари. Иако сади повеќе култури, вели дека шипката е најисплатлива.

„Шипката е лесна за одгледување, отпорна е на болести, не бара многу вода, брзо расте. Во втората година по садењето го дава првиот род. Колку ќе вложите во насадот, толку и ќе ви се врати. На пример во 2014 година се набрани 10 кг, а лани 400 кг“ – вели тој.

За оваа сезона очекува 1500 кг. Продановиќ објаснува дека ќе биде среќен ако по грмушка добие по 4 кг.

Вели дека интерес за шипката има, а кг од шипка чини 70 динари. За споредба вели дека шипката носи повеќе приход од сливата.

Продановиќ годинава ќе произведе 1500 тегли џем од шипка, а за пласманот вели дека нема проблеми.

 


 

фактор.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close