ВестиДвор и градина
Исплатлива билка која не бара многу труд
Азиската трева е 10 пати поисплатлива од пченката, не бара многу труд, а од неа може да се произведе биоплин, брикети, пелети, хартија, градежен материјал.
Од Агрономскиот факултет во Загреб велат дека оваа трева успева во запуштени делови, каде не е потребна посебна грижа за нејзино одгледување.
Оваа трева во Европа е увезена во 50 – те години на минатиот век, а може да се развива во различни климатски услови и региони.
Таа највеќе се користи за правење на брикети и пелети.
Кога ќе се оформи насад од азиска трева, тој може да се користи во следните 20 и повеќе години. Може да се засади на плодна почва, но и на почва со послаб квалитет.
Со оваа трева во Хрватска се засадени 600.000 хектари, пишуваат тамошните медиуми.