fbpx
Вести

Земјоделците ќе протестираат, ако не ги добијат субвенциите

субвенции

Земјоделците сметаат дека нема законска пречка да им се исплати нешто што требале да го добијат уште минатата година.

Ако до петок не се најде решение за исплата на субвенциите за земјоделците од наредната недела ќе има протести. Ова е ставот на Здруженијата на земјоделци по средбата со министерот за земјоделство Михаил Цветков.

– Доколку тоа не се случи, ние ќе се собереме пак овде во понеделник и ќе донесеме конечна одлука која може да биде непопуларна, но мора да застанеме и еднаш засекогаш да го решиме проблемот на земјоделците  – вели Љупчо Аризанков, Здружението на лозарите „Агротиквешија“

Замјодлеците се незадоволни бидејќи субвенциите законски требаше да ги добијат минатата година и затоа сметаат дека нема законска пречка за нивна изплата.

-Во најкус рок да бидат изплатени субвенциите за земјоделците бидејќи сметаме дека не постојат никакви законски проблеми. Во спротивно, Владата и државата ќе се соочат со проблеми како во соседството – рече Ристо Велков, од Сојузот на синдикатите на земјоделците.

Земјодлеците се жалат дека немаат пари да ја почнат пролетната седиба.

Министерот за земјодлество, како и што изјави претходно очекува реакција од Владата и Антикорупциската комисија  кои треба да дадат мислење за тоа дали во овој период може да се исплаќаат субвенциите бидејќи, како што рече, и субвенциите се опфатени со изборниот законик.

 


 

плусинфо.мк

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close