fbpx
Вести

Политичката криза ,, ги изеде,, и субвенциите?

kombajn

Политичката криза во државава ги држи во заложништво сите. Последни на листата се земјоделците. Исплатата на субвенциите за 2016 година останува замрзната се додека не се формира новото Собрание и не се донесат законските измени кои овозможуваат исплата на субвенциите и покрај тоа што нема Влада.

Она што е неизвесно е дека со оглед на тоа што субвенциите станаа финансиска поддршка која им е неопходна на земјоделците, годинешната реколта ќе биде тешко да се произведе. Земјоделците се жалат дека немаат пари да ја започнат пролетната сеидба.

Ако не стигне на време финансиската поддршка, тогаш како што велат земјоделците е бескорисна.

Ваквата неизвесност силно ќе се одрази врз производството и секако квалитетот на земјоделските производи што ќе биде погубно за земјоделците.

Земјоделците се закануваат дека ако до петок не се најде решение за ваквата ситуација, односно ако не ги добијат ветените субвенции, ќе протестираат.

Се помалку пари за земјоделците

Сепак субвенциите кои се едни од најголемите ветувања во предизборните програми на партиите, изминатите неколку години наместо да се зголемуваат, се намалуваат.

Така со Програмата за директни плаќања во земјоделството за 2016 година, првично беа планирани 102,7 милиони евра, но потоа со ребалансите на Буџетот, сумата се скуси на 89,7 милиони евра. За оваа година за директни плаќања се предвидени 99,4 милиони евра.

Податоците покажуваат дека освен во 2008 и во 2009 година кога целата планирана сума била исплатена, во годините подоцна реализацијата е помала од планот.

Субвенции добија само тутунарите, дел од лозарите и оштетените од поплавите

Според податоците од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, од Програмата за 2016-та исплатен е тутунот, дел од полјоделските култури, дел од лозовите насади, тие за млекото и за штетите од поплавите во вкупна сума од  34,1 милиони евра.

Од Агенцијата посочуваат дека поради изборите и очекувањата за формирање на нова Влада не се во можност да извршат исплата ниту пак да го почитуваат календарот за исплати.


 

еМагазин

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close