fbpx
Вести

До крајот на неделата ќе продолжи исплатата на субвенциите

pocva

Исплатата на субвенциите ќе продолжи до крајот на неделава. Се чека потписот на новоназначениот директор на Платежната Агенција Игор Златков.   По завршување  на формалностите околу официјалното преземање на директорската фотелја парите треба да легнат на сметките на змејоделците.

Субвенциите не се исплаќаат веќе пет месеци. Застојот настана поради различните толкувања на Изборниот законик. Според  одредбите не може да има исплата се додека не се формира нова Влада. Но минатата недела Антикорупциската комисија пресече со позитивен став дека исплатата може да продолжи.

Земјоделците најавија протести доколку не ги добијат парите неделава. Велат дека немаат пари за пролетната сеидба. Принудени се сами да се снаоѓаат и да ги покриваат производствените трошоци.

И претходно не се исплаќаа субвенции поради предвремените парламентарни избори кои требаше да се одржат во јуни.

Со програмата за 2016 треба да се исплатат околу 90 милиони евра. Земјоделците треба да ги добијат парите најдоцна до 30 јуни годинава.


 

сител.тв

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close