fbpx
ВестиВино

Македонското вино,чоколадо, сирење… отпатува во Москва

cokolada i vino

Вино и други жестоки пијалоци, сирење и кашкавал, кондиторски производи, тестенини, конзервиран и сушен зеленчук и овошје, чаеви и други производи „made in Macedonia” ќе бидат изложени во огромниот деловен центар кој е сопственост на најголемиот руски агро-кластер „Фуд сити”…

Десет македонски компании од прехрамбената индустрија се првите кои ќе ги изложат и стационираат своите производи во главниот град на Руската Федерација. Македонска-руската стопанска комора во соработка со Евроазискиот деловен сојуз, а со поддршка на амбасадата на Република Македонија и руската компанија „Македонски дом”, на 23 март 2017 година свечено ќе го отвори „Македонскиот изложбено- трговски дом” во Москва.

Вино и други жестоки пијалоци, сирење и кашкавал, кондиторски производи, тестенини, конзервиран и сушен зеленчук и овошје, чаеви и други производи „made in Macedonia” ќе бидат изложени во огромниот деловен центар кој е сопственост на најголемиот руски агро-кластер „Фуд сити” и на тој начин ќе им бидат на дофат на руските трговци и граѓани.На тој начин за прва пат се реализира долгогодишната идеа македонските стоки да бидат лоцирани на самото место во Москва и на тој начин веднаш да бидат достапни за пласман на овој пазар.

– За какви можности за македонските компании се работи најдобро зборуваат податоците дека во московскиот „Фод сити” годишно се прави обрт од 1,8 милиони тони прехрамбени производи или 5.000 тони дневно.Трговскиот комплекс се простира на 345 илјади квадратини метри, има канцаларии во преку 30.000 квадратни метри и поседува современи складишен простор на површина од преку 300 илјади квадратни метри.За секоја категорија прехранбени производи во него егзистираат од 30 до 300 трговски друштва. Во овој деловен комплекс се стационирани деловни центри и претставништва на 36 земји од светот и 80 од руските региони. За сите нив сега ќе станат видливи и македонските производи.Значајно е што македонските компании ќе имаат можност да пронајдат и купувачи од земјите од Евроазиската унија, односно од Белорусија, Ерменија, Киргистан и Казакстан, – нагласува Дејан Бешлиев, извршен директор на Макердонска-руската стопанска комора. – „Македонскиот изложбено-трговски дом” во Москва е отворен и за други компании од Република Македонија кои се заинтересирани за пласман на своите производи на големиот руски пазар.

Македонската бизнис-делегација при престојот во Руската Федерација ќе има прием и во Московската стопанска комора и ќе присуствува на потпишување на Меморандумот за соработка меѓу Македонска – руската стопанска комора и деловната асоцијација од Москва, која има 3.500 членки. Таа е формирана во 1991 година и е единствена деловна асоцијација во Москва, која законски е делегирана да го претставува интересот на бизнисот од главниот град на Русија пред органите на Москва.

Република Македонија и Руската Федерација лани оствариле меѓусебна трговска размена од 191,9 милиони долари.Од тоа, македонскиот извоз изнесувал близу 48,9 милиони долари и забележал раст од 39,5 отсто во однос на претходната 2015 година.Македонска-руска стопанска комора очекува годинава македонскиот извоз да продолжи со интензивен раст и во таа функција е и отварањето на „Македонскиот изложбено-трговски дом” во Москва.


 

вечер

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close