ВестиВкусот на традицијата
Хамбургер продаден за неверојатни 10.000 долари
Асма Ал Фахим, основач на магазинот „Вила 88“, купила хамбургер за 10.000 долари на добротворна аукција во Дубаи.
Медиумите пренесуваат дека големиот хамбургер се состои од седум говедски плескавици, што ги претставуваат секој од емиратите во Обединетите Арапски Емирати. Хамбургерот е подготвен од Расел Импијаци, кулинар од Дубаи и член на кралското семејство од Катар, шеик Мухамед бин Абдулах Ал Тани.
– Пред две години го срушивме светскиот рекорд продавајќи бургер за 7.000 долари, а годинава сакавме да поставиме нов рекорд. Сите пари ќе одат за кампања за подигнување на свеста за рак на дојка и откривање во рана фаза – изјавил Ал Тани.