Вести
Русија нема да ја укине забраната на увоз на зеленчук, овошје и месо од Турција,
Русија нема да ја укине забраната на увоз на зеленчук, овошје и месо од Турција, соопшти руската Федерална служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола (Росељхознадзор)
За прашањето на целосно или делумно укинување на забраната за увоз за турското овошје и зеленчук треба да се разговара заедно со укинување на санкциите за руските производи од турска страна, изјави портпаролката на Службата, Јулија Мелано. Турција воведе царини на увоз на руска пченица и пченка, правејќи го така извозот на руските компании целосно непрофитабилен.