ЕУ побара од Бразил доброволно да го запре извозот на месо за нејзините членки
Европската унија побара од Бразил доброволно да го запре извозот на месо кон 28-те земји-членки, за да се избегне воведувањето забрана, која потоа ќе одземе време да биде укината.
Бразилската Влада сепак не се согласила со тоа барање, соопштија вчера европски дипломати во главниот град на Бразил, Бразилија.
На 17 март бразилската федерална полиција уапси над 30 лица, кои учествувале во масовна криминална група, која продавала прехранбени продукти со поминат рок, најмногу месо.
Цел на истрагата, водена речиси две години, биле најголемите бизнис компании за производство во месната индустрија, кои работат не само на внатрешниот пазар, но и надвор од земјата.
Според истрагата припадници на групата биле во договор со преставници на надзорните органи на Министерството за земјоделство на Бразил, кои преку подмитувања издавале сертификати за квалитетот без проверка на продуктите.
Бразилската Влада ги запре доставките од 21 објект за пакување месо, кои се под истрага од федералната полиција и инсистира на тоа дека ова е изолиран случај и оти квалитетот на бразилското месо не може да се стави под сомнеж во целина. ЕУ веќе воведе некои ограничувања на увозот.
Скандалот негативно влијаеше врз репутацијата на Бразил, како најголем извозник на месо во светот со продажби, кои изнесуваат околу 14 милијарди долари минатата година. Во таа индустрија се вработени вкупно четири милиони работници.
Над десет земји, меѓу кои и нејзиниот најголем трговски партнер Кина, го спречи увозот на бразилско месо како мерка на претпазливост, а други осум го спречија увозот од објектите против кои се води истрага.