fbpx
Вести

Зголемување на производството кај крмната пченка за 61.4%

pcenka

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2016 година, во споредба со 2015 година, земјоделските површини се зголемени за 0.2%. Кај обработливата површина зголемување е забележано кај ораниците и бавчите за 0.6% и кај овоштарниците за 1.8%, како и кај лозјата за 1.6%. Намалување е забележано кај пасиштата за 0.1%.

Во 2016 година, во споредба со 2015 година, поголемо зголемување на производството се забележува кај тутунот за 5.0%, компирот за 4.3% и крмната пченка за 61.4%, а поголемо намалување се забележува кај оризот, сончогледот и краставиците.

Производството на овошје во 2016 година, во споредба со 2015 година, бележи намалување кај сите видови овошје, освен кај праските.


 

бизнис вести

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close