fbpx
Вести

Растителното производство во земјава се зголемило

rastitelno proizvodstvo

Растителното производство во 2015 година (кое во вкупното производство учествува со 69.4%) бележи раст од 1.7% во однос на 2014 година. Вредноста на добиточното производство (кое во вкупното производство  учествува со 21.5%) порасна за 2.6% во однос на 2014 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-додадената вредност во земјоделството во 2015 година изнесува 51860 милиони денари и во однос на 2014 година бележи номинален раст од 2.5%. Раст е забележан и кај земјоделската “деловна гранка” од 1.8% во однос на 2014 година.

Меѓуфазната потрошувачка, во 2015 година, бележи пораст од 0.8% во однос на 2014 година.

Номиналниот и реалниот доход во земјоделството од производните фактори, по работна единица, во 2015  година бележат пад и тоа: 2.6% кај номиналниот и 3.3% кај реалниот доход од производните фактори.


 

фактор.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close