fbpx
ВестиСовети

НАЧИН ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ НА ПЕЧУРКИ БУКОВКА

bukovka

Печурките се ценети заради својата хранлива вредност. Протеините на печурката имаат сличен состав со протеините од животинско потекло и затоа се биолошки по вредни од билните протеини. Печурките содржат мал процент на масти и затоа се рачунаат како диетална храна. Освен тоа, содржат голем процент на минерали и витамини. Некои печурки се одгледуваат само заради лековитоста, како на пр. Шитаке, кое има антиканцерогени својства. Печурките се одгледуваат на сировини кои слабо се користат или воопшто не се користат за друга намена. Може да се произведуваат во текот на целата година на релативно мал простор во краток циклус на производство. За припремање на хранлива подлога за одгледување на печурки најчесто се користи слама.  После одгледувањето на буковката, супстратот во некои земји се користи како сточна храна. Освен сламата за одгледување на печурките може да се користи и лисја, пилевина, стара хартија, дрвени отпадоци и др.

Циклусот за одгледување на буковката е пократок од циклусот за одгледување на шампињони. До појавата на првите плодови не поминува ни месец дена, а очекуваниот принос изнесува околу 50% од тежината на употребената сува маса. Во природата буковката (pleotorus ostreatus)  се среќава најчесто на неисечени исушени дрва. Првите обиди за одгледување на буковка биле на дрво. Оваа метода на одгледување на буковка и денес успешно се користи. Во последно време, буковката се одгледува на земјоделските нуспроизводи. На таквите подлоги циклусот на одгледување трае 2-3 месеци.

Буковката може да се одгледува во затворени, делимично затворени и отворени ама покриени простори. Местото мора да биде заштитено од дожд, ветер и директно сонце. Мора да биде обезбедена стална висока влажност, добро прозрачивање и 12 часовно осветлување. Сламата која се користи за припрема на подлогата мора да биди здрава со златно-жолта боја.

ПРОИЗВОДСТВО НА ПЕЧУРКИ БУКОВКА СО ПРИМЕНА НА ЕМ ТЕХНОЛОГИЈА

Во просторот каде се одгледува буковката мора да има оптимална температура и висока влажност на воздухот. Таквите простори мора да имаат можност за проветрување со помош на вентилатор и мора да бидат осветлени со потребната количина на светлост.

За одгледување на буковката погоден е речиси секој затворен простор во кој може да се обезбеди константна температура на воздухот од 18оС, достапност на струја и вода.

Материјали и методи

Мицелиумот од буковката се насадува на иситнета слама од јачмен или пченица.

Потребен материјал:

  • 100 кг сено (пченица или јачмен)
  • 5 литри мицелиум
  • РР вреќи
  • Топломер
  • Влагомер

Постојат три врсти на супстрат и тоа:

  • Само слама од јачмен/пченица
  • 80% слама и 20% сено
  • 80% слама и 20% пилевина

Постапка за работа

 Припрема на просторот

  • Просторот е потребно да се испразни и добро да се измие а притоа да се исчистат ѕидовите
  • После чистењето на ѕидовите се дезинфицираат со раствор од ЕМа и Cera-C керамички прав

Рецептура:

Раствор ЕМа  

литри

 

2

Вода (млака)  

литри

 

8

Керамички прав  

килограми

 

0,30

Поставување на дрвени летви за вреќите

Припрема на материјалот

  • Балите сено се одврзуваат
  • Во врела вода (сса 100оС) се потопуваат балите во траење од 2 часа
  • Во врела вода се додава меласа од шеќерна трска (1кг=100кг слама)
  • Се остава да се исцеди и олади сеното (сса 25оС)
  • Сеното се третира со раствор на ЕМа
  • Смесата се става во пластични вреќи
  • Се става слој од сено (од 3-5см), се става мицелиум, слој сено и тоа така до врвот на вреќата
  • На вреќите се прави отвор 15-20мм на раздалеченост од 20см
  • Вреќите се ставаат во замрачена просторија на температура од 18-24оС
  • За време од 3 недели вреќите се спремни и се носат во просторијата за одгледување

одржување на просторот за одгледување

  • Во просторот за одгледување мора да биде обезбедено 12 часовно осветлување и влажност 90-95%
  • Влажноста се постигнува со воденење на бетонскиот под или со оросување со овлажнувачи. Треба да се избегава дирекно полевање на вреќите и печурките кои се во раст
  • Осигурана доволна светлина (природна или вештачка) во зависност од површината на просторот
  • Ако нема доволно природна вентилација потребно е да се вградат 2 вентилатори. Едниот се поставува 10см над подот (за исфрлување на СО2), а другиот под плафонот (за внесување на чист воздух).

берба на печурките

  • Првата берба се очекува после 4 недели. Бербите се вршат Просечно секои 7 дена или почесто ако е потребно
  • Буковката се бери кога големината на капата порасти до 10см. Се бери целиот плод од корен, ништо не се остава на тоа место
  • Сечењето се врши на 2см под капата
  • Вообичаено е да се остварат 3 берби, додека со примената на ЕМ технологијата може да се остварат 5-6 берби.

предности со примената на ЕМ технологијата во одгледувањето на печурките

  • Економична и едноставна примена на ЕМ технологијата
  • Осигурување на поголем принос
  • Помала појава на инсекти
  • Производ со висок квалитет
  • Надзор на патогените микроорганизми во просторијата за одгледување
  • Помал ризик при одгледувањето

 

Советник  во АПРЗ Андреа Соколовски

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close