fbpx
Вести

Електронски сертификати ќе го гарантираат квалитетот на увозните биопродукти во ЕУ

organski proiavodi

Нов систем за електронска сертификација на органските производи увезени во Европската унија, ќе стапи во сила од денеска (19-ти април), соопштуваат од Европската комисија. Целта е намалување на ризикот од измами со овој растечки пазар.

Електронските сертификати ќе ги намалат и административните пречки и ќе дадат повеќе полни статистички податоци за увозот на биолошките производи во заедницата.

Промената во законодавството предвидува шестмесечен преоден период во кој ќе можат да се користат и хартија и електронски сертификати. Од 19-ти октомври 2017-та година, сепак увозот на органски производи ќе биде сертифициран само по електронски пат.

Новите сертификати ќе станат дел од компјутеризираниот интегриран ветеринарен систем „TRACE“ во ЕУ. Со него се следи движењето на прехранбените производи во заедницата и помага за управувањето со ризикот во врска со одбиените пратки.

Секторот на органското земјоделство се развива брзо во последниве години, покажуваат податоците на Европската комисија. Во 2015-та година над 11 милиони хектари земјиште во ЕУ се користи од биолошки фарми (вкупно над 185.000), наспроти 5 милиони хектари во 2002-ра година.

Повеќе од 306.000 се операторите на биолошка продукција – производители, преработувачи и увозници кои се регистрирани во рамките на заедницата.


 

денар.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close