fbpx
Вести

Привршува пролетната сеидба во Крива Паланка и Ранковце

seidba

Од вкупно планираната површина од 1.318 хектари за засевање со Планот за пролетна сеидба за 2017 година за општините Крива Паланка и Ранковце, досега се засеани 960 хектари.

Од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Крива Паланка, информираа дека сеидбата на речиси деведесет отсто од житните, земјоделски и фуражни култури е завршена.

Најголема површина е засеана со јачмен и компир.

– Јачмен и компир се посеани на по 230 хектари, од кои јачменот е посеан сто отсто од планираната површина, додека останува да се посее компир на уште 70 од вкупно планираните 300 хектари. Комплетно е завршена сеидбата на пролетн рж, овес, кромид, лук и грашок, а посеана е и целата површина планирана за фуражни култури, луцерка, детелина и добиточен-грашок, сено, истакнаа од Подрачната единица на МЗШВ, Крива Паланка.

Најмал е процентот на засеана површина со пченка, десет отсто, а од планираните вкупно 320 хектари засеани се само 32.

Најголем дел од површината според Планот за сеидба за пролет 2017 година на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце била засеана од страна на индивидуални земјоделци, 790 хектари, додека на 170 хектари површина сеидбата ја реализирале земјоделските стопанства.


 

сител.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close