fbpx
Вести

Митови и вистини за органската храна

organska hrana

Некои експерти сметаат дека генетички модифицираната храна нема многу предности во однос на храната што е добиена на нормален начин. Тие дури потенцираат дека ГМО-храната може да има токсичен ефект, да предизвикува алергиски реакции и некои други несакани ефекти.

Главниот проблем на овој вид храна

Главен проблем е тоа што не е доволно проучена и тоа што постојат многу сомнежи околу консумирањето на ГМО-храната. Со еден збор – таа може да биде токсична храна.

Аргменти „за“ кога станува збор за органска храна

Пред сè, органското производство се одвива под строги правила што се уредени со специјални закони за органско производство. За да им се гарантира на потрошувачите запазувањето на определените правила на производство, во секоја алка од производствениот синџир се извршува строга контрола од страна на сертификационите тела. Многу потрошувачи бараат производи произведени со посредство на природни супстанции и процеси. Методот за органско производство игра двојна улога, при што од една страна се обезбедува специфичен пазар што одговара на барањата на потрошувачите на органски производи, а од друга страна обезбедува јавни добра, кои придонесуват за заштита на животната средина и за благосостојба на животните, како и за руралниот развој.

Ознаки што треба да ги имаат производите од оваа категорија

За заштита на потрошувачите, органските производи треба да бидат етикетирани со соодветни ознаки – логоа. Секој закон за органско производство си има свое соодветно лого. Логото треба да биде истакнато на секој органски производ произведен во согласност со соодветниот закон за органско производство.


 

мама365.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close