fbpx
Вести

Привршува рокот за пријавување штети од априлското измрзнување

steti mrazevi

Земјоделците уште денеска и утре можат да поднесуваат барања за проценка на штетите од измрзнувањето. Во подрачните единици на Министерството за земјоделство досега пријави имаат поднесени околу 4.000 земјоделци, а на терен работат 73 комисии.

До 10-ти мај земјоделците можат да поднесуваат барање за проценка на штетите од пролетните мразеви на 21-ви и 22-ри  април.

Досега скоро 4.000 земјоделци доставиле барања во подрачните единици на Министерството за земјоделство, а пристигнуваат и нови.

Во прилог на барањето земјоделците треба да достават фотокопии од личните документи, трансанциска сметка и документ за доказ за користење или сопственост на земјоделското земјиште.

За проценка на штетите формирани се 73 комисии кои ќе ги посетат сите земјоделките стопанства на чии површини има измрзнување.

Обештетувањето ќе се врши преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството по проценката од комисиите и проверката од старна на бирото за судски вештачења.


 

мртв

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close