Исто така, на 16 мај 2017 година завршува рокот за поднесување на барања за директни плаќања за несилки внесени во капацитет за производство на јајца во период од октомври до декември 2017 година. Висината на поддршката изнесува 100 денари за купена и внесена неслика во одгледувалиште на кокошки несилки за производство на јајца. Барањата се поднесуваат во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, лично или пошта. Образецот за поднесување на барањата како и потребната документација може да поднине во Агенцијата или да се превземе од веб страната: www.ipardpa.gov.mk, во полето „Директни плаќања 2017“, „Обрасци“.