fbpx
Вести

Намалени откупот и продажбата на земјоделски производи

zemjodelski proizvodi

Откупот и продажбата на земјоделски производи во првиот квартал годинава се намалени за 14,2 процента во однос на истиот период од минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 30 проценти, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство има зголемување за 50,6 проценти.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е регистрирано кај: житата, градинарските и фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот и живината и јајцата, а намалување кај индустриските растенија, млекото и млечните производи и рибата.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува намалување во јануари и февруари, додека во март е забележано зголемување, објави Државниот завод за статистика.


 

а1он.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close