Вести
Вкупното производство на шумски производи во државните шуми намалено за 45.8%
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во првото тримесечје од 2017 година, во однос на првото тримесечје од 2016 година, е намалено за 45.8%.
Зголемување на шумското производство е забележано кај другото обло дрво од иглолисни видови, додека намалување на шумското производство е забележано кај повеќето шумски производи.