fbpx
Вести

Сушниот период му наштети на житото во Пелагонија

zito

Сушата го оштети житото во Пелагонија. Според агрономите заради недоволните количини на вода, житото е пониско од потребното, а дел од стеблата не се ниту формирани. Експертите ги предупредуваат земјоделците да внимаваат и навреме да ги заштитат посевите од штетници, затоа што овие временските прилики се одлична подлога за појава на болести. Штети има и кај јачменот. Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека во наредните неколку дна ќе има врнежи. Од таму апелираат земјоделците да внимаваат, затоа што во наредните денови можни се и дождови со град.

„Во тек на утрешниот ден ќе биде сончево со умерена облачност, а кон крај на ден облачноста ќе се зголемува, и ќе се развие облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а некаде ќе има појава и на град. Во делови од земјава се очекува да наврнат и до 30 литри на метар квадратен во југозападниот дел од земјава. И во понеделник ќе има врнежи од дожд, но со смален интензитет. Веќе в среда и во петок се очекува пак пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови и за развој на невреме со пороен дожд“, велат синоптичарите.

Штетници може да се појават и кај овошките, затоа што како што вели агрометеорологот Ангелко Ангелески, утринската роса и високите дневни температури се идеални за појава на штетници кој пак може да предизвикаат огромни последици кај овошките. Земјоделските експерти препорачуваат зачестено третирање со препарати. Земјоделците пак велат дека заради немањето пари и задоцнетите субвенции, речиси и да не можат да ги заштитат насадите.

„Субвенциите кои требаше да ги земаме минативе години, се уште не сме ги земале овие субвенции, од причина што доцнат. Тоа има доста влијание, затоа што ако ги имавме ти средства ќе ги осигуравме во осигурителните компании. Ќе имавме олеснувања, ќе имавме приходи за да продолжиме. Треба да ги пресметаме трошоците затоа што дрвјата треба да се обрабатуваат“, велат земјоделците.

„Субвенциите за минтата година не сме ги земале. Но и за оваа година не сме ги зеле. Прашање е дали ќе ги земаме“, вели еден одгледувач на овошни насади.

Министерството за финансии пред два дена пушти 7,5 милиони евра пари за исплата на субвенции за 2015 – та година и дел за 2016 годинина. Но, според земјоделците, со тие пари нема да можат да се раздолжат. Бараат Министерството во најкус рок да ги исплати државните пари за помош во земјоделството.


 

алсат.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close