Во Јапонија постои спа центар, во кој буквално можете да пливате во вино.
Ако сте љубители на виното, сакате да ви угодуваат и сакате патувања во далечни, егзотични земји, почнете да штедите. Во Јапонија, 100 километри западно од Токио постои спа центар, каде можете да ги поминувате деновите брчкајќи се во топли базени со мерлот. Или бело вино, ако не сте љубители на црвеното.
Јунесун спа рисорт, спа тематски парк, на своите гости им нуди уживање во базени со црвено вино, кои како што сите знаеме, освен што има убав вкус, содржи и антиоксидант ресвератол, кој го успорува стареењето.
Оваа состојка, која ја има во грозјето (но и кикириките, какаото и некои видови бобинки) позитивно влијае врз тонусот кожата, правејќи ја цврста, ги ублажува воспалителните процесите, ја подобрува циркулација и еластичност на кожата и колагенски влакна.
Користењето на црното вино за нега на кожата не е ништо ново. Уште во времето на стариот Рим, жените се капеле во него за да им биде кожата мека и нежна, а постојат и записи дека и Клеопатра наводно уживала во масажи со масло добиено од коските на грозјето.
Ако виното е ваш омилен пијалак и ова ви звучи како добра идеја, имајте предвид дека капењето во базените полни со овој пијалак е можно само во текот на 16 дена од годината, па патот мора внимателно да се планира.