fbpx
Вести

КАЛЕНДАР НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ЗА МЕСЕЦ ЈУНИ

gradina

Градинарство Во месец јуни продолжува грижата за градинарските култури кои се одгледуваат во оранжерии. Во слободниот простор кај некои култури, како тиквички, копар и др. Може да се засади праз, целер, кромид и др. Топлотниот режим треба правилно да се регулира во полиетиленските оранжерии – само во ладни денови и ноќи треба да се затвараат вратите и проветрителите.

Кај раните сорти високостеблени домати, кога ќе бидат развиени 4-6 соцветија , се прекршуваат врвовите над последното соцветие (зглоб), но не непосредно до него, а се оставаат 2-3 листови. Од ова зависи раната зрелост кај овие сорти. На краставиците се отстрануваат сувите и болни листови за време на бербата. Растенијата треба на време да се наводнуваат и реколтата да се прибира на време. Треба да се следи појавата на болести и штетници кај доматите. Против пламеница кај компирот се третира со соодветни фунгициди. При појава на пепелница и белокрилка кај краставиците се третира комбинирано со соодветни инсектициди и фунгициди.

По садењето на зелката на отворено, задолжително треба да се следи појавата и веднаш да се третира против вошки и зелкина болва. Во овој месец вниманието е насочено кон доматите, пиперот, модриот домат и другите култури кои се засадени на отворено. Потребно е редовно наводнување, а кај пиперот после расадувањето привремено се прекинува со наводнување за да може растението да формира подобар коренов систем. Првото окопување на доматите, пиперот, модриот домат и другите градинарски култури помага за побрзо затоплување и аерација на почвата, што е од големо значење за забрзување на растот и развојот на културите. Прашењето ( окопувањето) се врши 7 до 10 дена после садењето. Во овај месец овие култури треба да се прихранат со 15 – 20кг/ха азотно ѓубриво. Кај тиквиците и краставиците се прекинува со окопувањето кога нивните стебла ќе се разгранат и ќе го покријат меѓуредието. Долните, остарени листови треба да се отстранат. Во месец јуни се врши сеење на доцните сорти зелка и карфиол. Најсоодветно време за сеидба е до средината на месецот. Во втората половина од месец јуни се сади и праз и тоа на мегуредово растојание од 25 до 30см и растојание од 15-20см во внатрешноста на линијата. Исто така овај период се сеат и моркови за касно производство, на меѓуредово растојание од30 – 35см и сеидбена норма од 60 – 70гр. на 100метри квадратни. Во периодот од 5 -8 ми јуни се подготвуваат леите за сеење на семето од касните сорти домати, а во периодот од 10 -15ти јуни се подготвуваат леите за производство на садници од главесто зеље. Семето за касните сорти на краставици се сее на постојано место во гнезда или во редови, во втората половина од месецот. Овој период се прибираат производите од раните сорти на зелка, краставици, тиквици. Овоштарство Овој период овошните дрва се во интензивен раст. Не смее да се дозволи тој да стивне поради недостаток од вода.Обилните полевања и прихранувањето по потреба, се одразуваат добро на растот и на плодообразувањето, како и на формирањето на родна папка. Плитката обработка на почвата штити од брзо испарување на влагата. За младите дрвца, од голема корист е покривање на почвата под нивната крошна со слама, искосена трева или друг соодветен материјал. Оваа практика е позната како прекривка и помага при разредување на поливањето и задржување на влагата.

Кога младите дрвца ке почнат со плодоносење, потребно е да се отстранат плодовите до 50см од врвовите на гранчињата. Кај постарите овошни дрвца се врши проредување на плодовите, со цел останатите плодови да бидат со повисок квалитет. Кај јаболката и крушата проредувањето се врши кон крајот на месецот, откако ке помине природното јунско проредување. Во овој месец започнува формирањето на родни папки за наредната година па затоа треба дрвата убаво да се негуваат, наводнуваат, прихрануваат и почвата да се обработува редовно. Ако на крајот на месец мај е пропуштено второто прихранување на дрвцата, тогаш тоа треба да се направи во месец јуни. Постепено започнува бербата на јагодите. Обилното наводнување и соодветното оплодување се од големо значење за формирање на цветни папки за наредната година. Јаболката и крушите се третираат против краставост, пепелница, јаболков црв, вошки, крушкова болва, свиткувачи и сл. Дуњата се прска 1-2 пати против губењето на заврзоците, кафеавата лисна дамкавост, црвливост и сл. Сливите освен од црвената лисна дамкавост, шупликавост на листот, кафеавото гниење, овошниот црв и свиткувачот, овој период може да се инфицираат од рѓа и може да бидат нападнати од штитеста вошка. Кај праските и кајсиите продолжува третирањето против пепелница, кафеаво гниење, шупликавост на лист и овошни црви. Во почетокот на месецот се врши последното третирање против црешова мува кај вишите и црешите. За тој третман соодветни се препаратите кои што имаат 24 часа каренца. Исто така се прска и против сачменка и кафеаво гниење, а кај вишната и против белата рѓа. Кај оревите продолжува третманот против бактериозата и антракнозата. Бадемовите дрва се третираат против бадемов семејад, сачменка, церкоспориоза. Леските во овој период од годината може да бидат нападнати од лешников молец кој што го нагризува овошјето и полага јајца во него. Јагодите се третираат против сивото гниење. Малините и капинитре се третираат против дидимела, антракнза, пепелница, малинов комарец, малинов бумбар и др. За сите горенаведени болести и штетници, потребно е да се користат дозволени препарати. Лозарство Уште на самиот почеток од месецот се почнува со филизење. Се отстрануваат вишокот леторасти во почетокот на нивниот раст. На овој начин се регулира бројот на леторастите, се обезбедува подобар раст и подобро зреење на прачките, се олеснува борбата против различните болести и штетници, се подготвува лозата за наредната резидба и се регулира соодносот помеѓу родните и неродните леторасти. Основни правила при филизењето се: филизењето се врши на реса, за да се разграничат родните од неродни леторасти, од плодните прачки се отстрануваат вишокот неплодни леторасти, притоа задржувајки се на сооднос 2:1 за радни леторасти. Стискање Се отстранува врвот на прачката 1-2см или 1-2 неразвиени листови.Целта е да се намали одливот на ресите во мустаќи. Ова се врши рано, веднаш откако ке се појават ресите. Исто така оваа мерка помага хранливите материи да се насочат до ресите. Кршење Се отстрануваат зголемените врвови на леторастите заедно со 5-6, најмногу до 8 неразвиени листови. Лачење Се отстрануваат целосно или делумно страничните леторасти, кои што потекнуваат од летните очи на главниот летораст. Сечење на кората на леторастите Првенствено се примеува кај трпезната сорта Болгар со цел забрзување на созревањето, за зголемување на големината на зрната и за зголемување на квалитетот на грозјето. Сечењето на кората на леторастите се врши малку пред ресата со цел хранливите материи кои што доаѓаат од врвовите на леторастите да не преминуваат кон стеблото, туку да ја ја хран ат ресата односно гроздовите.

Овој период убаво е да се изврши плитка обработка на почвата. Исто така се води грижа за новите лози. Потребно е да се внимава и на почвата околу пенушките и доколку е поткопана или оштетена од дождовите треба да се корегира и да се надополни. Кон крајот на месецот почвата околу младите лози се разровкуваи се отстрануваат т.н росни корени. Во текот на овај месец потребно е да се следаи и појавата на болести и штетници и да се третираат со соодветни, дозволени фунгициди, инсектициди и акарациди. ПОЛЕДЕЛСКИ КУЛТУРИ Во средината на месецот се започнува со жетвата на јачменот. Кај пченицата треба да се продолжи со мониторинг на појава и развој на прашкаста мувла и напад од инсекти и по потреба треба да се третира со соодветни фунгициди и инсектициди. Овесот потребно е да се следи заради појава на житна пијавица и по потреба да се третира со соодветни регистрирани за таа цел препарати. Кај компирот продолжува борбата против компировата златица. Во овој период започнува бербата на раните сорти компир. СТОЧАРСТВО Во месец јуни, млечните раси животни се пуштаат на испаша и се прехрануваат воглавном со свежа трева. Ова не ја исклучува и дополнителната прихрана со концентрирана храна, на која количината и се одредува во зависност од поединечната телесна состојба и млечност на животните. Голема грешка е праксата пашата на животните да биде во области кои што се во непосредна близина на прометни транспортни патишта. Потребно е да се знае дека тие ја загадуваат животната средина, вклучувајчи ги и растенијата во радиус од околу 100 метри. Во површинскиот слој на зелената маса се акумулира олово, 3,4 бензспирени и други штетни елементи. Преку млекото од молзните животни, оловото стигнува до човечкиот организам. Со кумулативен ефект, се акумулира првенствено во коскената срцевина и доколку се наталожи во одредена количина, предизвикува тешки оштетувања на крвните садови и централниот нервен систем. 3,4 Бензспирените се другиот важен загадувач – резултат на блискиот патен сообраќај, кои што повторно преку млекото пристигнуваат во човечкиот организам. Тие имаат канцерогено дејство а и сто така и тератогено дејство – односно ѓи оштетуват човечките ембриони.

Високите летни температури се причина за некои негативни појави во сточарството. Некои поважни од нив се: – Влошување на квалитетот на млекото. Под одредени услови млекото е идеална хранлива средина за развој на бактерии и други микроорганизми. Тие го разградуваат млечниот шеќер до млечна киселина, а тоа ги влошува технолошките квалитети на млекото. Некои од состојките на млекото имаат бактерициден и бактериостатски ефект кој што се задржува подолго време при пократок период од молзење до ладење, по пониска температура на ладење ( 4-5степени за 36- 40часа), при подобра хигиена на молзење т.е загадување со што помал број на микроорганизми. – Маститисот кај млечните животни е друг проблем кој што се јавува во текот на летните месеци во сточарството. Најважен услов за превенција е постигнување на највисок степен на хигиена при молзење. При тоа треба да севнимава не само на дезинфекција на вимето, туку и на исправноста и хигиената на молзните агрегати. Мали оштетувања, како и неправилна манипулација при рачното молзење можат да го трауматизираат вимето. Механички повреди на вимето може да бидат предизвикани од грмушки, удар со рогови и сл. Површинските рани се санираат со антисептички средства (пр. Јод тинктура) и со прашок за рани ( најчесто суфатиацол). Длабоките рани треба да бидат прегледани и третирани исклучиво од ветеринар. – Високите јунски температури се причина за брзото расипување на храната. На свињите и птиците во хранилкитетреба да им се приложува толку храна колку што е доволно за еден оброк. На тој начин ќе се избегнат проблеми како дигестивни нарушувања, намалување на продуктивноста, прејадување и ќе се намали смртността.


 

агенција.гов.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close