Вести
Американците пијат повеќе пиво од вода
Околу 206,7 милиони барели пиво се дистрибуирани во САД во 2015 година.
Во Америка се троши повеќе пиво од вода, пишува агенцијата Франс прес, наведувајќи дека продажбата на пивото во САД годишно изнесува над 100 милијарди долари, поради ескпоненцијалниот раст на продажбата на пиво на точење.
Околу 206,7 милиони барели пиво се дистрибуирани во САД во 2015 година, последна цела година за која се достапни официјални бројки од Канцеларијата за трговија и данок на алкохолот и цигарите.