fbpx
Вино

Вински речник

Љубителите на виното уживаат во долгите разговори за виното и неговиот вкус. Понекогаш овие разговори звучат застрашувачки, но доколку се запознаете со дел од клучните изрази кои се користат во светот на виното, ќе можете лесно да се впуштите во интересни дискусии и да бидете омилен соговорник за време на пријатни прилики за дружење.

vinski rechnik

 

Корисни вински изрази
Апелација (франц. appellation) – законски дефинирана и заштитена географска област со која се идентификува потеклото на грозјето користено за производство на вино.
Барик (франц. barrique) – дабово буре со зафатнина од 225 литри.
Ботритис – болест на виновата лоза предизвикана од фунги што ја напаѓаат во влажни климатски услови.
Буке (франц. bouquet) – комбинација од ароми кои се чувствуваат при помирисување на виното.
Винификација – процес на производство на вино, почнувајќи од изборот на грозје кое ќе се користи во производството, па сè до пакувањето на виното во шишиња.
Витикултура – наука која ги опфаќа сите аспекти на производство и проучување на грозјето. Се однесува на активностите кои се одвиваат на лозјето.
Енологија (брит. анг. oenology; амер. анг. enology) – наука која ги опфаќа сите аспекти на проучување на виното и неговото производство, но не ги вклучува одгледувањето и бербата на грозје.
Енолог – специјалист за производство на вино, експерт во областа енологија.
Енофил (франц. oenophile) – љубител и познавач на виното.
Куве (франц. cuvée) – комбинација на две или повеќе вина од различна сорта или, пак, од различна година на берба. Синоним на зборот купажа (франц. coupage).
Сомелиер (франц. sommelier) – обучен познавач на виното, професионалец кој најчесто работи во угледни ресторани и дава препораки на гостите во изборот на вино.
Танин – состојка во виното која доаѓа од лушпите, семките и петелките на грозјето. Го дава основниот горчлив вкус на виното. Не е пожелна во големи количини.
Тероар (франц. terroir) – комбинација на влијанието на природните елементи: почва, клима и топографија на уникатните карактеристики на одредено место, од кои зависи вкусот и квалитетот на виното произведено од грозје кое се одгледува на тој специфичен локалитет.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close